ПОЖАР ВО КУЌА ВО МАТЕЈЧЕ: Две лица пренесени во болница поради вдишување чад

На 29.05.2026 во 13.28 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во куќа во село Матејче сопственост на М.С.

Пожарот бил изгаснат од соседите, а А.С.(49) и Н.С.(20) поради тоа што вдишале чад биле пренесени во Општа болница Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.