Познати ривалите на нашите одбојкари за Медитеранските Игри

По завршувањето на учеството во Европската лига 2026 втора акција за женската сениорска репрезентација на Македонија летово ќе биде настапот на 20. Медитерански игри, кои ќе се одржат од 21 август до 3 септември во Таранто, Италија.

Попладнево се одржа официјалната ждрепка за тимските спортови, а на женскиот одбојкарски турнир ќе настапат десет репрезентации.


Македонија е дел од групата Б заедно со Турција, Грција, Алжир и Косово, додека во групата А ќе се натпреваруваат Италија, Србија, Египет, Босна и Херцеговина и Сирија.

Натпреварите од групната фаза се играат од 23 до 29 август, додека елиминациите и финалето се во периодот од 30 август до 1 септември. Деталниот распоред организаторот дополнително ќе го објави.