Првиот пациент за кој беше потврдено дека е носител на вирусот во основата на тековната епидемија на ебола во Демократска Република Конго е излекуван, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од Светската здравствена организација.
„ДР Конго соопшти дека еден пациент се опоравил и ја напуштил болницата“, изјави Анаис Леганд, технички експерт на СЗО за вирусни хеморагични трески, за новинарите во Женева.
Таа рече дека тој е „првиот“ меѓу пациентите кај кои е потврдено дека имаат ебола, но нагласи дека очекува и други заболени да се излекуваат.
„Ова е првиот“ кој е отпуштен од центар за нега „по два негативни теста“, рече Леганд.






