Тренерот на шампионот на Македонија, Крива Паланка, Виктор Петровски и претстојното лето ќе има селекторски ангажман.
Тој повторно е назначен за селектор на женската јуниорска репрезентација која ја предводеше и лани на Европското првенство Б-дивизија во Литванија.
Успесите што ги имаше досега, како и фактот дека е асистент во сениорската репрезентација беа доволна препорака, 25-годишниот стручњак повторно да ја предводи јуниорската селекција.
Летово ја очекува ново Европско првенство Б-дивизија во романскиот град Тулчеа кое ќе се одржи од 31 јули до 9 август.







