Битола и Кавадарци домаќини на баражите за пополнување на ПМФЛ

Сезоната во домашното првенство официјално ќе заврши оваа недела со одигрувањето на бараж натпреварите за пополнување на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) по што ќе бидат познати сите учесници во новата сезона од битката за шампионскиот трофеј.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека двата бараж натпревари мечевите за пополнување на ПМФЛ ќе се одиграат в недела на 31 мај, со почеток во 16:30 часот, а домаќини ќе бидат стадионите во Битола и Кавадарци.

На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе се соочат АП Брера и Скопје додека на Градскиот стадион во Кавадарци се среќаваат Пелистер и Шкендија Арачиново.

Победниците во овие дуели следната сезона ќе бидат дел од ПМФЛ, додека поразените ќе настапат во Втората лига.