ФК Вардар официјално потврди продолжување на договорите на двајца од најискусните фудбалери.
Станува збор за македонските репрезентативци Дарко Велковски и Бобан Николов.
Искусниот стопер стави потпис на нов договор со „црвено црните“ до 2027 година, додека фудбалерот за врска ќе остане дел од Вардар до 2029 година.
Од клубот преку официјалните канали им посакаа многу успех и заеднички победи во дресот на Вардар.
Продолжувањето на договорите е јасен сигнал дека управата сака да го задржи искусното јадро на тимот.








