Со автобус во првиот квартал превезени 9.348.000 патници

Во првиот квартал годинава вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9 348 000 и е намален за 5 проценти во однос на првиот квартал од 2025 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, број на превезени патници во градскиот превоз е намален за  4.7 проценти, во приградскиот превоз за 8.8 проценти,  додека  зголемување има во меѓуградскиот превоз за  9.2 проценти и меѓународниот превоз за 1.3 проценти.


Вкупниот број на патничките километри во првото тримесечие е 248 568 000 и е зголемен за 0.3 проценти во однос на истиот период од претходната година. Во градскиот превоз е намален за 1.8  проценти, во приградскиот за 8 проценти, а во меѓународниот за 0,4 проценти, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 7.7  проценти.