Најмалку едно лице загина во руски воздушни напади во источна Украина

Најмалку едно лице загина, а 15 други се повредени во масовни руски воздушни напади во Украина, соопштија синоќа украинските власти.

Во пристанишниот град Одеса, инфраструктурен објект бил уништен од гранатирање, напиша на Телеграм шефот на локалната воена администрација Серхи Лисак. Тој подоцна изјави дека едно од четирите лица повредени во нападот починало.

Во регионот на Доњецк, синоќа се повредени 12 лица во Краматорск, кога наведувани воздушни бомби го погодија градот, напиша гувернерот Вадим Филашкин на Телеграм.


Меѓу повредените има и осумгодишно момче, соопшти Филашкин.

Локалните власти наведоа дека ова бил трет голем напад врз Краматорск во текот на тој ден, пренесе ДПА.