ФОТО: Хрватскиот премиер пристигна во посета на Македонија

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пристигна во официјална посета на Македонија.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, заедно со министрите, го пречека хрватскиот колега на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Според агендата, по пречекот, во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Пленковиќ, а во 11:15 часот ќе се одржи владина билатерална средба во хотел „Инекс Олгица“.


Потоа е предвидено двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.

Во 12:30 часот следува заедничка прес конференција на Мицкоски и Пленковиќ.

За време на престојот на Пленовиќ во Македонија предвидена е и бизнис средба на сопственици на компании од двете држави.