Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, денеска на церемонија ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards“.
Како што информираат од кабинетот на претседателката, на настанот кој е во организација на Women in Tech® Македонија во соработка со Министерството за дигитална трансформација, а под покровителство на Сиљановска-Давкова, ќе бидат доделени и признанија за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот.







