РК Пролет е нов кадетски шампион на Македонија

Тинекс Пролет е нов кадетски шампион на Македонија, откако триумфираше на завршниот „фајнал-фор“ турнир во Битола.

Скопскиот тим во полуфиналето го совлада Охрид со 34-25, а во финалето беше подобар од Мулти Есенс со 37-34.


Најефикасен во големото финале беше Костов со осум гола, додека Лешниковски и Дамчевски постигнаа по седум погодоци.