НБА лигата ги избра најдобрите петорки на сезоната 2026/2026.
Во неа нормално се најдоа и главните претенденти за МВП признанието.
Доминацијата на Шаи Гилџус-Александар од Оклахома Сити и Никола Јокиќ од Денвер, кои едногласно се најдоа во првиот тим бешпе потврдена.
Друштво им прават Виктор Вембањама од Сан Антонио, Лука Дончиќ од Лос Анџелес Лејкерс и Кејд Канингем од Детроит.
За разлика од останатите, младиот Франузин, Вембањама за прв пат се најде во првиот тим.
Во него Дончиќ го запиша шестиот избор, а Јокиќ стигна до осмиот. Канингем вторпат е дел од оваа елита, додека Гилџус-Александар четвртипат.
Во вториот тим се најдоа Џејлен Браун од Бостон, Кавај Ленард од Клиперс, Донован Мичел од Кливленд, Кевин Дурант од Хјустон и Џејлен Брансон од Њујорк.
Дурант стана 12-ти играч со 12 избори во Ол-НБА, Леонард стигна до седми избор, а Брансон и Мичел до третите. Браун го запиша својот втор избор, откако собра доволно гласови за вториот тим.








