Килијан Мбапе се сели во Челси?

Голем дел од навивачите на Реал Мадрид повторно му свиркале на францускиот напаѓач, на што тој реагирал со кисели насмевки.

Во еден момент дури и Алваро Арбелоа почувствувал потреба да реагира и им покажал на навивачите да аплаудираат, наместо да свиркаат.


И секако, „проблемите во рајот“ ги користат и некои англиски извори. Аналитичарот на TalkSport, Енди Брасел ја отвори темата дека Килијан Мбапе би бил идеално засилување за Челси.

Тој во директна програма изјавил дека Чаби Алонсо е единствениот тренер кој би можел да го убеди Мбапе да го напушти Реал Мадрид, но дека пречка би можело да биде тоа што клубот не би играл во ЛШ.