Селекторот на Англија Томас Тухел го објави списокот на играчи на кои ќе смета за натпреварите за Светското првенство. Како и што се појавија информации во текот на вчерашниот ден „слободно лето“ ќе имаат Кол Палмер од Челзи, Фил Фоден од Манчестер Сити, Хари Мегвајер од Манчестер Јунајтед.
Одличната сезона во Премиер лигата, како и освоениот пехар во УЕФА Лига Европа на тројца играчи на Астон Вила им донесе место во репрезентацијата (Конса, Роџерс и Воткинс).
Комплетен список на избраните фудбалери:
голмани – Џордан Пикфорд (Евертон); Дин Хендерсон (Кристал Палас); Џејмс Трафорд (Манчестер Сити);
одбрана – Рис Џејмс (Челзи); Тино Ливраменто (Њукасл); Марк Геи (Манчестер Сити); Езри Конса (Астон Вила); Џон Стонс (Манчестер Сити); Џарел Кванса (Баер Л.); Нико О’Рајли (Манчестер Сити), Дан Брн (Њукасл); Џед Спенс (Тотенхем),
среден ред – Дејлан Рајс (Арсенал); Елиот Андерсон (Нотингем Форест); Џуд Белингем (Реал Мадрид); Џордан Хендерсон (Брентфорд); Морган Роџерс (Астон Вила), Коби Маину (Манчестер Јунајтед), Еберечи Езе (Арсенал),
напад – Хари Кејн (Баерн); Иван Тони (Ал Ахли); Оли Воткинс (Астон Вила); Букаја Сака (Арсенал); Нони Мадуеке (Арсенал; Маркус Рашфорд (Барселона) и Ентони Гордон (Њукасл).
Англија на Мундијалот е во група со Хрватска, Гана и Панама, а првиот натпревар го игра на 17.јуни во Далас.








