Ревија на кратки филмови од последните две изданија – 2024-2025 година на „ФИЛМАЈ“ – фестивалот на краток филм, во организација на фото-кино клуб „Козјак“ ќе се реализира вечер со почеток во 20 часот во Куманово.
Како што соопштија од „ФИЛМАЈ“, прикажани ќе бидат осум кратки филмови, а влезот е бесплатен за сите посетители.
– Ревијата претставува мало загревање за публиката, една недела воочи осмото издание на „ФИЛМАЈ“ 2026 – фестивалот на краток филм, што ќе се одржи на 27 и 28 мај – среда и четврток во 20 часот во Големата сала на Занаетчиски дом – Куманово – се додава во соопштението.







