Со голема почит и достоинство, во чест на загинатите припадници на Единицата за специјални задачи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при МВР кои го дадоа својот живот во Диво Насеље на 09/10 мај 2015 година, денеска се одржа првиот Меморијален турнир во фудбал „Диво Насеље“.

Припадниците на овие единици на овој начин порачуваат дека сеќавањето на нивните загинати колеги останува важен дел од нив. Одржувањето на овој турнир ќе стане традиција и ќе се одржува секоја година, во чест на загинатите припадници на ЕБР и ЕСЗ „Тигар“ кои го дадоа животот, но и како потсетување за нивната храброст и дело.











