Нејмар ќе прифати се’ за да го убеди Анчелоти

Легендата на Бразил, Нејмар има големи шанси да се најде на списокот од 26 фудбалери во составот на бразилската репрезентација за претстојното Светско првенство.

Бразилскиот новинар, Тијаго Фернандез за ЕСПН Бразил потврди дека Карло Анчелоти сериозно размислува да го вклучи Нејмар во составот на „Кариоките“, а да не го повика Жоао Педро од Челзи.

Неофицијално, Нејмар преку неговиот агент му испратил порака на Анчелоти во која објаснил дека нема да има никакви посебни барања, дури и ако не е дел од почетните 11 на ниту еден натпревар, ќе има лимитиран контакт со неговите пријатели и семејството во кампот на репрезентацијата во САД, со цел да биде фокусиран само на репрезентацијата.


-Нејмар е многу сакам и тоа не само од луѓето во светот, туку и од играчите. Ако го повикате Нејмар во тимот, знаете дека не правите проблем во соблекувалната затоа што тој е многу ценет и сакан. Знам дека е нормално секој да има свое мислење и им благодарам на сите за советите кои ми ги дадоа овој период, изјави селекторот на Бразил, Анчелоти.

На оваа тема пред една недела изјава даде и Лионел Меси, капитенот на Аргетина, кој порача дека иако е свесен за неговата необјективност верува и посакува Нејмар да биде дел од тимот на Бразил на Светското првенство.