Голманот на ПСЖ, Матвеј Сафонов, се најде во центарот на скандал откако руската ѕвезда на „OnlyFans“, Мери Рок, му вети жешка ноќ за секоја одбрана што ќе ја направи во финалето на Лигата на шампионите на 30 мај помеѓу ПСЖ и Арсенал во Будимпешта.
Мери Рок му посака среќа и го мотивираше за големиот предизвик против Арсенал. По ваквата понуда, неговата сопруга Марина Кондратјук проговори и се пошегува со неа.
„Една порно глумица му посака среќа на мојот сопруг во финалето на Лигата на шампионите и му вети жешка ноќ за секоја одбрана“, напиша таа.
Сопругата понатаму изјави дека Мери Рок не е свесна дека за неа жешката ноќ би значела решавање крстозборки, гледање на емисијата „Што? Каде? Кога?“ и одење на спиење во 23:30 часот затоа што тој мора да стане рано за тренинг.
Порно ѕвездата и фудбалерот сè уште не се огласиле за реакцијата на неговата сопруга, која го привлече вниманието на јавноста. Мери Рок почнала да се занимава со порнографија во 2017 година. Таа е позната и под псевдонимот Мери Ру.








