Американската крајбрежна стража соопшти дека пресретнала бродови на осомничени шверцери на дрога кои превезувале наркотици во вредност од повеќе од 61 милион долари.
Крајбрежната стража наведе дека трите пловни објекти биле запрени на 8 мај, на околу 145 километри од Картагена, во Колумбија.
Според соопштението, на бродовите биле пронајдени речиси 2,8 тони кокаин, чија вредност само за таа пратка се проценува на повеќе од 45 милиони долари.
Еден од бродовите не ги почитувал наредбите за запирање, по што бил онеспособен со „прецизен снајперски оган насочен кон моторите“, соопшти американската служба.
Осомничените шверцери потоа скокнале во морето, а екипажот на хеликоптерите фрлил средства за спасување, по што лицата биле извлечени без пријавени повреди.
„Останатите два брода застанаа по наредба на екипите на Крајбрежната стража“, се наведува во соопштението.
Во видеоснимка објавена од службата се гледаат три брода во пламен по завршувањето на операцијата.
Relentless operations to stop narco-terrorism.@USCGSoutheast crews aboard CGC Tahoma and an embarked helicopter seized approximately 6,085 pounds of cocaine worth nearly $45.8 million Saturday after stopping three vessels off the coast of Colombia. The interdiction required… pic.twitter.com/5unto8ycBr
— U.S. Coast Guard (@USCG) May 14, 2026
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп применува построг пристап кон шверцот на дрога од Јужна и Централна Америка, а во последните месеци повеќепати се известува за слични операции, кои често завршуваат со жртви.
Американските власти како правна основа за ваквите акции го наведуваат прогласувањето на наркокартелите за терористички организации.
Критичарите, пак, го оспоруваат правото за изведување смртоносни операции во меѓународни води, оценувајќи дека тие може да бидат спротивни на меѓународното право.





