Екипата на Сан Антонио брзо се созеде по поразот пред три дена од шампионот Оклахома Сити на домашен терен.
Во дуелот број 4 од финалето на Западната конференција, Спарси ноќеска ги надиграа Тандерс со 1-3-82 и израмнија на 2:2 во победи.
Од самиот почеток домашниот тим ја контролираше играта и резултатот. Тимот од Тексас ги доби сите четири периоди и заслужено славеше со 21 поен разлика.
Виктор Вембањама одигра уште еден брилијантен натпревар. Импресивна беше неговата тројка од половина тренер во последната секунда од првиот дел, која дополнително го скрши шампионот.
Младиот Французин заврши со 33 поени на кои додаде 8 скокови, 5 асистенции, а имаше и три блокади. Тој доби поддршка од Кастл и Васел кои постигнаа по 13, а Фокс заврши со дабл-дабл со 12 поени и 10 скокови.
Сега серијата се враќа во Оклахома каде во среда (2.30 часот) ќе се игра петтиот натпревар.








