Папа Лав XIV привлече внимание со своите модни избори. Имено, во трејлерот за документарниот филм „Лав во Рим“ („Leone a Roma“) на Vatican News, се појави во патики Најк, а реакциите следеа на социјалните мрежи.
📸 Papa Leão XIV aparece vestindo tênis da Nike. pic.twitter.com/GbJKBiZ2Xo
— République (@republiqueBRA) May 7, 2026
Многу корисници на X, особено членовите на генерацијата Z, го пофалија неговиот моден избор и изјавија дека тој јасно ги следи модните трендови.
„Кој вели дека папата не може да биде кул?“, „Паоло Сорентино никогаш не би можел да замисли нешто вакво“, „Човек може да го напушти Чикаго, но Чикаго никогаш не го напушта човекот“, се некои од коментарите.
Станува збор за постара фотографија, а трејлерот за споменатиот документарец можете да го погледнете во продолжение.
„Лав во Рим“ е нов документарец на ватиканските медиуми кој ги следи речиси двете децении што ги поминал во Рим пред да стане папа.
Произведен по повод првата годишнина од папата, филмот собира сведоштва, фотографии и лични спомени на неговите пријатели, браќа, свештеници и семејства кои го придружувале во различните фази од неговиот живот.








