Дете прегазено во Драчево, итно пренесено во Клинички

Возач попладнево прегазил дете на возраст од околу 8 години со автомобилот „Мерцедес“ во скопската населба Драчево, соопшти полицијата.

Детето е веднаш префрлено во болница, но засега нема информации за неговата здравствена состојба.

-Денеска (14.05.2026) во 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К. (53) од Скопје удрило во пешак-дете на возраст од околу осум години. Детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во комплекс клиники “Мајка Тереза”, а во тек е увид на местото на настанот“, велат од полицијата.