Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4 %, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7 %), други видови домаќинства со деца (5,6 %) и самохрани возрасни лица со деца (3,0 %) – покажуваат податоците на Евростат.
Преостанатите 76,6 % од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5 % од сите домаќинства), парови (24,1 %) и други домаќинства (15,1 %).
Помеѓу 2016 и 2025 година бројот на домаќинства со самохрани возрасни лица без деца се зголемил за 19,2 % (од 63,9 милиони на 76,1 милиони), а бројот на домаќинства составени од парови без деца пораснал за 3,3 % (од 47,3 милиони на 48,9 милиони). Спротивно на тоа, бројот на домаќинства со парови и деца се намали за 6,3 % (31,9 милион на 29,9 милиони), а другите видови домаќинства со деца се намалија за 3,5 % (11,8 милиони на 11,4 милиони).
Најмногу домаќинства со деца има во Словачка (35,4 %), Ирска (30,8 %) и Кипар (28,2 %), а најмалку во Финска (18,2 %), Литванија (18,4 %) и Германија (19,9 %).
Во 2025 година 50,2 % од домаќинствата во ЕУ со деца имале едно дете, 37,6 % имале 2 деца, а 12,2 % три или повеќе деца. Домаќинствата со едно дете биле особено чести во Португалија (61,8 % од сите домаќинства со деца), Бугарија (60,4 %) и Малта (59,5 %).
Во 14 од 27-те земји на ЕУ повеќето домаќинства со деца имале две или повеќе деца. Овој удел бил највисок во Шведска со 57,8 % од таквите домаќинства, Холандија (57,6 %) и Ирска (56,7 %). са/
Фото: архива








