Женската одбојкарска репрезентација го имаше првиот собир

Женската одбојкарска сениорска репрезентација во Скопје го означи почетокот на подготовките за Европската лига 2026 година.

Новиот селектор Милош Гавриловиќ јаа имаше првата прозивка точно на пладне во хотелот „Континентал“.

Овогодишното издание на Европската лига има дополнително значење. Тоа претставува квалификациски циклус за наредниот Европски шампионат во 2028 година.


На поширокиот список дополнително е повикана Ивана Милева која блесна во финалната серија од домашното првенство за тимот на Наковски Волеј.

Предвидено е македонските одбојкарки формата да ја темпираат и преку пријателски двомеч со Косово на 29 и 30 мај.

Официјалните натпревари во Европската лига започнуваат од 5 до 7 јуни. Првиот турнир ќе се игра во Порто.