Украина под масовен руски воздушен напад

Руската армија денеска презеде долготраен и комбиниран напад врз критичната и цивилната инфраструктура во Украина – јавија украинските медиуми.

Според првичните информации, во нападите се лансирани повеќе од 200 дрона камикаѕе „Шахед“, а регистрирани се експлозии и дејствување на противвоздушната одбрана во централниот, западниот и во јужниот дел на Украина.

При руските напади има повредени луѓе во Одеса, Хмељницк и во Киев.

Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана (ХУР) соопшти дека Русија почнала „комбиниран воздушен напад со долг дострел против критична инфраструктура“.


Според ХУР, првиот бран напади бил извршени со беспилотни летала со цел да се совлада украинската воздушна одбрана и да се погодат цивилни цели. УРО очекува дека руските сили ќе го продолжат нападот со значителен број крстосувачки ракети лансирани од воздух и од море, како и балистички ракети.

Во соопштението се наведува дека целите на Кремљ би можеле да вклучуваат критична инфраструктура и клучни услуги во големите градови, вклучувајќи енергетски објекти, компании од одбранбената индустрија и владини згради.

– На овој начин, Русија, која ги отфрли предлозите за прекин на огнот, повторно се обидува да ја поткопа отпорноста на Украина во нејзината борба за слобода – се истакнува во соопштението на УРО.