Во стан во Штип е пронајдена почината 20-годишна државјанка на Република Турција.
Во соопштението од СВР-Штип се вели дека денеска во 14:48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено почината женско лице. Полициските службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е (20) , државјанка на Република Турција.
Увид врши екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за расчистувањето на случајот.
Пожарникарите од ТППЕ-Штип биле повикани да интервенираат и да влезат во станот преку врата на балконот, бидејќи станот имал блиндирана врата.
Според првичните информации, лекарите и медицинскиот тим од Итната медицинска помош констатирале смрт, но не можат да утврдат дали станува збор за насилна смрт.
Телото е предадено на обдукција во Клиничката болница-Штип, по што ќе се утврдат причините за смртта на турската студентка.







