Реал Мадрид е вториот патник на евролигашкиот Ф4

Шпанскиот кошаркарски тим Реал Мадрид обезбеди пласман на Фајнал-форот во Евролигата, откако со 3-1 во серијата го елиминира Хапоел Тел Авив во четвртфиналето.

„Кралскиот клуб“ во четвртиот натпревар одигран во Ботевград славеше со 87-81 и стана вториот тим што обезбеди место на завршниот турнир во Атина.


Во полуфиналето на Евролигата, Реал Мадрид ќе игра против победникот од серијата меѓу Фенербахче и Жалгирис.