Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема „имунитет“ за непријателите на Израел, објавија британските медиуми.
Неговиот остар став го кажа во понеделникот по израелскиот напад врз командант на Хезболах во јужните предградија на Бејрут, и покрај прекинот на огнот објавен минатиот месец.
Израелската војска соопшти дека во нападот е убиен командантот на елитната единица Радван, идентификуван како Ахмад Галиб Балут, познат и како Малек Балут.
„Веројатно прочитал во печатот дека имал имунитет во Бејрут. Но, тоа веќе не е случај“, рече Нетанјаху, додавајќи дека командантот планирал напади врз израелските сили и заедници од „таен терористички штаб“ во Бејрут – тврдење кое сè уште не може да биде независно потврдени.
„Им велам на нашите непријатели на најјасен можен начин: ниеден терорист не е недопирлив“, додаде премиерот.
Израелската армија соопшти дека повеќе од 220 борци и команданти на Хезболах се убиени од почетокот на прекинот на огнот со Хезболах. Само во изминатата недела, 85 од нејзините членови се убиени.
Во меѓувреме, официјален претставник на американскиот Стејт департмент изјави дека Израел и Либан ќе одржат разговори во Вашингтон на 14 и 15 мај. (МИА)








