За првпат во Македонија – национален ден на ракометот

На 17 мај, пред натпреварот меѓу селекциите на Македонија и Словачка, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за првпат организира целодневен ракометен настан за сите генерации!

Од 13:00 часот на платото пред СЦ „Борис Трајковски“ ќе се игра мини ракометен турнир со 20 екипи составени од деца родени 2016/2017 и помлади.


Од 14:00 часот, просторот пред СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде исполнет со фан-зона, музика и забава, ракометни активности, подароци и изненадувања, дружење со вистинска навивачка атмосфера.

Натпреварот меѓу Македонија и Словачка во рамки на баражот за СП 2027 се игра со почеток од 19:00 часот.