ОТЕЦ ТОДОРОВ: “Еве шест работи кои Господ ги мрази, дури седум, што му се одвратни на душата Негова!“

Oтец ТОДОРОВ

Зборови Христови запишани од светиот апостол Јован во неговата книга позната како Откровение/ Апокалипсис, последната книга од светите книги на Новиот Завет. Во истите самиот Христос открива кој и каков тип на луѓе нема да влезат во Царството Божјо:
„А надвор (од Царството Божјо) се

1. кучињата (се мисли на етичките карактеристики на еден особен тип на луѓе),
2. вражачите (оние кои се занимавале со окултизам, магии, јасновидство, гатање, баење),
3. блудниците (оние кои биле робови на неблагословениот пристап кон сексуалниот живот – прељубодејство, хомосексуалност, менување на многу партнери, извршување на абортус. . .)
4. убијците (во духовна и телесна смисла),
5. идолопоклониците (оние кои наместо на Творецот му се поклонуваа на Неговото создание, но и оние кои од суетни причии ја извртуваа вистината Божја за своја корист)
5. и секој, кој сака да лаже и лаже.”
(Откровение. 22, 15)
___

“Еве шест работи кои Господ ги мрази, дури седум, што му се одвратни на душата Негова:
1. очи горделиви,
2. јазик лажлив и
3. раце што пролеваат невина крв,
4. срце коe крои лоши планови,
5. нозе кои брзо трчаат кон зло,
6. лажен сведок, кој измислува лаги, и оној, што сее раздор меѓу ближните!”
(Соломонови изреки. 6, 16 – 19)
___
Еве што заповеда Христос како да постапуваме доколку со некој член на Црквата имаме проблем, искушение или недоразбирање:
„Ако се огреши кон тебе твојот брат, отиди и укори го насамо;
ако те послуша, си го придобил својот брат;
ако не те послуша, земи со себе уште еден или двајца, па од устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор;
ако, пак, не ги послуша и нив, кажи ѝ на црквата; па, ако и црквата не ја послуша, тогаш тој нека ти биде како безбожник и како даночник (даничниците биле евреи кои собирале данок за римјаните, па истите биле доживувани како предавници)! ”
(Матеј 18, 15 – 18)