На 07.05.2026 во 01:30 часот на регионалниот пат Тетово – с.Јажинце, кај с.Лешок, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Б.К.(31) од с.Жилче, тетовско.
-Имено, тој, без да поседува возачка дозвола, управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото. По неговото пронаоѓање, извршено е алкотестирање, при што му биле измерени 1,46 промили алкохол во крвта, информираат од СВР Тетово.
Возилото било одземено, а тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.







