Коосновачот на Курдската работничка партија (ПКК), Мурат Карајилан, изјави дека мировниот процес со Турција е ефиктивно „замрзнат“, обвинувајќи ја официјална Анкара дека не ги спроведува потребните правни и политички реформи за унапредување на процесот.
Карајилан тврди дека неговата група ги исполнила своите обврски, вклучително и прогласување прекин на огнот и прекин на вооружената борба.
Овие коментари се спротивни на изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој тврди дека мировните напори напредуваат во позитивна атмосфера. Карајилан истакна дека рокот од април за донесување закон за унапредување на процесот поминал без да се поднесе никаква уредба.
Претставникот на ПКК, Загрос Хива, ја обвини турската влада за „инструментализирање“ на процесот за консолидирање на власта, наместо за барање вистинско решение.






