Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес денеска изјави се „непримерни“ заканите на претседателот на САД, Доналд Трамп, за можно повлекување на американските трупи од Шпанија, наведувајќи дека таквите коментари „немаат правна основа“ и оти Шпанија „не прифаќа лекции“.
– Не прифаќаме предавања и апсолутно сме мирни бидејќи сме една од земјите која најцелосно се придржува до обврските во рамките на НАТО – изјави Роблес.
Таа истакна дека шпанската влада е „многу цврста, знае што прави, посветена е на мирот, на почитувањето на меѓународното право, на Атлантскиот сојуз и на мировните мисии ширум светот“ и предупреди дека „од Шпанија не може да се бара помош во илегална војна која нема меѓународна поддршка“, алудирајќи на конфликтот во Иран.
– Шпанија е сериозна земја посветена на своите обврски кон Атлантската алијанса, цврсто посветена на светскиот мир и затоа не прифаќа лекции од никого – истакна таа.
Според Роблес, „малку земји можат да се пофалат со толку силна посветеност како Шпанија“, истакнувајќи дека повеќе од 4.000 мажи и жени од шпанските вооружени сили моментално служат во меѓународни мисии, вклучувајќи ги Летонија, Словачка, Романија и мисијата за полициска контрола на воздушниот простор на Балтикот.
Американскиот претседател во четвртокот се закани дека ќе ги повлече американските трупи од Шпанија и Италија поради нивниот став за војната во Иран.






