Манасиевски: Ако СДС и Филипче се проевропска опција, зошто постојано се демантирани од европски институции?

СДС се претставуваат како проевропска опција, а се што ќе кажат постојано е демантирано од европски институции или од европратеници, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Проевропска опција е етикета која СДС и Венко Филипче сами си ја налепуваат само за да даваат лажни оправдувања за сите национални предавства кои ги направија додека беа на власт.

Од друга страна, додека Венко Филипче говори за национални интереси, неговиот сопартиец и член на ИО, Рубин Земон, кој беше дел од владејачката структура за време на Зоран Заев, јавно изјави дека Гоце Делчев е небитен и дека е мит и со тоа директно ја релативизираше неговата улога.

За Филипче и СДС, еден од темелите на македонската државност е небитен.

Исто така, и лагата која ја ширеа за изјавата на европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, господинот Томас Вајц, за која тој самиот веднаш демантираше, заклучи дека Македонија има голем напредок во Реформската агенда.


Да не ја заборавиме и паниката, хаосот и хистеријата која ја ширеа за средствата од ИПАРД програмата, беше исто така демантирана во известување од страна на Европската Комисија.

Почитувани,

Ваков е проевропски СДС. Се служи со лаги, манипулации и спинување на изјави на европратеници и ги омаловажува националните херои.

СДС на чело со Венко Филипче, се истиот СДС на чело со Зоран Заев, рече Манасиевски.