Синдикалните претставници во одбраната изразија поддршка за работата на министерот за одбрана Владо Мисајловски, истакнувајќи дека соработката меѓу институциите и синдикатите дава конкретни резултати во унапредување на правата и условите за вработените.
Во нивниот јавен став, тие посочуваат дека „исплатите на додатоците се редовни и се исплаќаат во континуитет, без задоцнување“, нагласувајќи дека ова претставува значаен чекор во почитувањето на Колективниот договор.
Дополнително, синдикатот ја истакнува и комуникацијата со Министерството и Армијата, наведувајќи дека „веќе се работи на трајно решавање на статусот на професионалните војници“, што е едно од клучните прашања за секторот.
Поддршка е изразена и за инфраструктурните проекти, со кои, како што се наведува, се подобруваат условите за работа во касарните и другите објекти: „Ги поздравуваме неговите напори за подобрување на условите на работа… на сите вработени во сите објекти кои се под надлежност на Министерството и Армијата.“
Синдикалните претставници потенцираат дека соработката со министерот ќе продолжи и во иднина, со цел „да се унапредат правата, стандардот, условите за работа и сето она што е потребно за сите вработени“.
Во однос на актуелните состојби, тие додаваат дека се согласуваат со изнесените ставови на министерот од собраниската говорница, оценувајќи дека започнатите процеси се „во насока на унапредување и зајакнување на правата на сите вработени во Министерството за одбрана и Армијата“.








