Либанскиот претседател Џозеф Аун побара од САД да одредат датум за продолжување на преговорите, но истовремено рече дека Израел мора целосно да го спроведе прекинот на огнот.
Како што објави Ал Џезира, либанската милитантна група Хезболах првично побара прекин на огнот во Либан.
Израел продолжи со бомбардирањето, а Хезболах возврати на оган, само една недела подоцна под силен притисок од САД Израел се согласи на примирје, наведе Ал Џезира.
Меѓутоа, оттогаш и Хезболах и израелската војска ги интензивираа судирите, вклучително и воздушните напади низ јужен Либан.
Либанската влада, Израел и САД се обидуваат да ги одвојат овие преговори од американските разговори со Иран, но со оглед на тоа што конфликтите продолжуваат и ескалираат се чини дека само дополнителен притисок од американскиот претседател Доналд Трамп врз Израел би можел да ја забави понатамошната ескалација, оценува катарскиот медиуми.








