На 29.04.2026 во 06:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Е.(35) од Скопје, откако по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир, тој агресивно се однесувал и се заканувал дека ќе се самоповреди со остар предмет, а потоа нападнал полициски службеник, информира МВР.








