НИКОЛОСКИ: На автопатот Охрид-Кичево се работи и навечер

На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден, пишува на својот ФБ профил министерот Александар Николоски.
Од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево.
Кога се има јасна цел, силна координација и волја – резултатите се неизбежни.
Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано.
Покажуваме континуитет и одговорност во реализацијата на капиталните проекти кои се од стратешко значење за државата.
Ја градиме Македонија!, вели Николоски.

Министерството за транспорт, пак соопштува:

„Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, доцна вечерва извршија увид во изградба на автопатот Охрид-Кичево.

На својот фејсбук профил, вицепремиерот Николоски објави дека од утре се пушта во употреба клучка Требеништа, уште еден дел од овој автопат.

“На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден.

Од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево.

Кога се има јасна цел, силна координација и волја – резултатите се неизбежни.

Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано.

Покажуваме континуитет и одговорност во реализацијата на капиталните проекти кои се од стратешко значење за државата” – објави вицепремиерот Николоски.

Со почит
Министерство за транспорт