БАРАЊЕ ОД УКРАИНА: Израел да го заплени бродот што превезува „украдено“ украинско жито од териториите окупирани од Русија

Киев официјално ги повика израелските власти да го запленат бродот „Панормитис“, кој превезува жито за кое Украина вели дека се извезува „нелегално“ од териториите окупирани од Русија.


„Украинската страна ги повикува своите израелски партнери да го запленат бродот и неговиот товар, да спроведат претрес, да ја запленат документацијата на бродот и неговиот товар, да земат примероци од житото и да ги испрашаат членовите на екипажот“, се вели во соопштението на украинското обвинителство.

фото: Архива