Торта од рендани тиквички и павлака

Од две работи, тиквички и павлака, совршено ладно предјадење, лесно за правење и декоративно.

Состојки:

за кори:

2 големи тиквички
3 јајца
5 лажици брашно
сецкан магдонос
сол

за фил:


600 грама кисела павлака
2 чешниња лук и мелен бибер

Подготовка:

Изрендајте ги тиквичките, додадете сол и оставете ги околу 10 минути да се исцеди водата. Вклучете ја рерната на 180 степени. Матете 3 јајца со миксер околу една минута, додадете ги исцедените тиквички и 5 лажици брашно, не треба да биде течно, туку компактно, а ако е ретко, додадете уште малку брашно и сечкан магдонос.

Обложете плех за печење (35×25) со хартија за печење и истурете половина од смесата, добро израмнете ја за да биде со иста дебелина и печете 20 минути. Истото направете го и со останатата смеса за втората кора.

Ќе добиете две тенки кори, во соодветен сад ставете ја едната кора и премачкајте ја со филот, подготвен со павлака сецкано лукче и бибер, и потоа повторете го истото со другата кора. Солената торта премачкајте ја со преостанатиот фил и украсте ја по желба.