Крешчендото на Заев Трети викан Кралот Зајдисонце

 

Еден ден, три деманти, една тешка навреда кон нацијата и караница со новинари. Ова е рекорд во политичката историја на Македонија. А шампионот е кој друг, ако не Венко „звани“ Заев Трети. Мислевте дека не може полошо од Заев, се појави Таче. Заев Втори бриљираше како западнобугарски премиер. И таман, кога мислевте дека подолу од ова не може, Зоки го промовираше Филипче. Тачета го шеткаше кај Рама и Вучиќ, за да од старт ја презентира неговата „маленкост“. И буквално и фигуративно, оти крај двајцава Црпко и другарчето наликуваа на хобити. Набргу, пошто Заев Втори не „испуни“ задачата, дојде ред за Венкота. Заев Трети беше промовиран во Грција, каде Муртинхаузен кажа илјада кодошки лаги за Македонија. Подобро интро, здравје.

И сега? Сега ќе се чудиме како еден патолошки лажго „попи“ три деманта во еден ден? Јок, тоа се подразбира со ваков квалитет, особено ако по утрото денот се познава. А одродското, грчко утро на Вени во Атина вети одличен старт за човечето кое кариерата ја завршува како Кралот Зајдисонце…

Прво, стаса шлаканицата од ИПАРД, па втората од Вајц и на крај клоцата од Дубаи. Башка сето тоа овенчано со историска навреда кон историјата на македонскиот нарор од жив резил на две нозе, кој не смогна сили да не се скара со новинарот на ТВ Алфа, пак. И така, фатен со рацете во медот, ама три пати, Заев Трети нервозно свреска: „Доста со дефокус прашања, каков е тој дефокус, златна виза, каква врска има тоа со контекстот тука. Претстанете со тоа, престанете со тие лажни вести, престанете со тие кампањи, луѓето имаат реални проблеми овде, какви се тие златни визи, Дубаи, згради, Харис Џиновиќ, престанете со таа кампања!

Лажни вести?!?!?!?   Чек, чек малку…

Јас или вие бевте на журка со Црпнатиот на Харис Џиновиќ? Додека демек „Македонија гореше во режимот на ВМРО“. Цацко ли го натера да лапне ЗЛАТНА ВИЗА и да лаже дека му ја дале оти е предобар лекар? Јас, вие или Аврамски – другото другарче на  Зоки кажа дека Венко има станче во Дубаи и дека Заев гради облакодерче? Какви ЛАЖНИ ВЕСТИ, побогу?

Да, прав е Венко, има многу лажни вести.

Прво, СДС и тој лажеа за ВАЈЦ со интервју старо месец дена, за кое Венко правеше прес-конференција вчера. Известувачот потврди, замисли, Македонија имала напредок, за жал на злорадите северџанчиња кои трлаа раце и ликуваа за некаков си застој. А тие, пустите, заостанати во политичкиот, националниот и секаков им развој.

Второ, па машко, ИПАРД средствата не се ЗБОГУМ за земјоделците, башка оценката на ЕУ дека се’ е во ред со процесот и нема злоупотреби. Таксират комуњарски, земјоделците ќе имаат стредства, а Љупче Путер не ќе може да им го трла истиот на нос на истите…


Трето,  па арапско, ЗЛАТНАТА ВИЗА да не ти била заради неверојатните, суперменски лекарски афинитети на „ван енд онли“ Филипчо. Пустиот да ти ја добил како бизнисмен, за десет години, за што морал да фрли едно 500.000 евра од џебот, јали Црле фрлил, небитно. Некој, пак лажел, ама многу…

Четврто, истиот ден треснаа дека ТЕРОРИЗМОТ БИЛ ВО КРВТА НА ВМРО. И дилетантите непрокопасни навредија цел народ. ВМРО е во ДНК-та на секој Македонец. Првиот крик за организирана борба за ослободување на Македонија. Навреда за секој Македонец. Логично, оти тие не се. Тие да ти биле европјани. Порано беа Југословени. Во бугарско, српско и турско би биле кодоши, барем според сегашното однесување и прикажаните афинитети.

Еден ден, три деманти, тешка навреда и глупост, многу резил и повторна црна караница со новинари. Што повеќе треба да се случи за да пустиот Венко, конечно, ја искористи таа иста ЗЛАТНА ВИЗА за да фати штрафта џафте од Македонија во тоа Дубаито? Аман, имаш ли срам човече? Не мора да ги спомнуваме Модуларната, Онкологија, марихуана лиценците штанцани среде корона, па вакцина-бизнисот во истата, возикањето со Зоче со насмевка „до уши“ додека Македонци умираа како муви, срамот со Вучиќ кој им даруваше вакцини, па пченица, па Жан Митрев рекетот, џипчето од 130.00 евра, „непостоечките“ хациенди на Нерези. Итн, итд и др.

Долг список на црнила и афери, предолг, а кредибилитетот на „лидерот“ краток, не ни го има, со микроскоп да го бараш. Она, кога ќе облечеш шест броја поголеми, туѓи опинци и се фаќаш на орото.

Време е за друго дете, СДС. И немојте Шмрчко, не ви треба Заев Четврти, отфикарете го тоа црпнатиот од нива стопан од партија, аман. Од хигиенски причини. Не оти толку сме се загрижиле за вас, скраја да е. Заради нас и менталната хигиена на Македонецот, вака црпкосани и контаминирани со муртинизам ги минавте сите можни граници на нормалното однесување и го сниживте нивото до подрумот на дното. Аман, доста е, време е за една„гудбај парти“ за врхушката…

 

П.С.

И знаете зошто Венко толку „го има“? Секој ден прес-конференција претпладне, па интервју во некој зевзечки медиум навечер? И во фрижидер го очекувате, кога ќе го отворите…

ГО ИМА толку, затоа што знае дека ќе го нема. На политичката сцена…