Националниот комитет на владејачката унгарска партија Фидес свика конгрес за 13 јуни, на кој ќе бидат избрани партиски функционери, изјави пратеникот на Европскиот парламент, Тамаш Дојч, по состанокот на комитетот.
Лидерот на партијата Фидес, Виктор Орбан, и претседателот на одборот, Ласло Ковар, не одговорија на прашања од новинарите по состанокот, објави МТИ.
Детали за кандидатите и внатрешните промени во партијата засега не се објавени.
Партијата Тиса претходно денеска објави дека нема да го поддржи актуелниот шеф на унгарската дипломатија, Петар Сијарто, за позицијата заменик-претседател на парламентот, наведувајќи дека очекува нов кандидат од владејачката партија Фидес. (МИА)







