Лука Модриќ опериран, сезоната за него заврши

„Шокантни вести од Милано“, објави „Спортске Новости“, нагласувајќи дека првичните прогнози биле навистина загрижувачки. Дури се појавија стравувања дека Модриќ би можел да го пропушти и претстојното Светско првенство, но најновите информации се пооптимистички – се очекува легендарниот играч да биде подготвен за настап, иако најверојатно ќе игра со заштитна маска.

Во Милан биле изненадени од сериозноста на повредата, особено ако се земе предвид дека Модриќ оваа сезона беше речиси постојано на теренот, и покрај тоа што е пред крајот на кариерата.


Неговото отсуство претставува сериозен удар за тимот на Масимилијано Алегри, кој во завршницата од сезоната води жестока битка за место во Лигата на шампионите.

Со 67 освоени бодови, Милан моментно е третопласиран, но конкуренцијата е силна и Јувентус, Комо и Рома се во трка да го стигнат