Традиционалната атлетска трка HalkEco Skopje Run 10K 2026 влегува во својата завршна фаза на пријавување, а последниот рок за пријава е 29 април (среда) или до пополнување на предвидениот број на учесници. Организаторите упатуваат финален повик до сите љубители на трчањето и активниот начин на живот да го обезбедат своето место на една од најмасовните градски трки во Скопје.
Стартот и целта на трката ќе бидат на истата локација во близина на фонтаната „Лотус“, а трасата ќе се одвива по бул. Илинден и дел од бул. Партизански одреди, нудејќи динамично и добро познато градско тркачко искуство.
Под мотото „Скопје трча, Скопје расте“ настанот и оваа година ги поврзува спортот, заедницата и урбаната енергија на градот. Организатор на HalkEco Skopje Run 10K е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со атлетските клубови Скопски Маратон и Работнички, а покровители се Министерството за спорт и Град Скопје, заедно со бројни партнери и спонзори кои ја поддржуваат реализацијата на настанот.
Според најавите се очекува и настап на најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски, кој минатата недела беше второпласиран на Белградскиот маратон, а вчера победи на полумаратонот во Дубровник. Воедно Ивановски е повеќекратен победник на овој настан изминативе години.
Трката ќе се одржи на 10 мај (недела) со почеток во 9 часот.








