Мисајловски: Лесната пешадиска баталјонска група – „Борбено Подготвена“

Министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствуваше на националната теренска вежба „БЛЕСОК 26“ на армискиот полигон „Криволак“, каде што Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) ги демонстрираше своите способности, врвната обученост и целосната подготвеност.

По сеопфатен процес на оценување според НАТО стандардите, единицата успешно ги исполни сите критериуми и заслужено е оценета како „борбено подготвена“, признание што претставува силна потврда за нејзината врвна подготвеност и интероперабилност со сојузниците, истакна министерот Мисајлоски.

Министерот за одбрана потенцира дека ова е успех зад кој стојат труд и посветеност.

Честитки до сите припадници на македонската Армија, гордост на нашата татковина, додаде во објавата Мисајловски.


ЛЕСНАТА ПЕШАДИСКА БАТАЛЈОНСКА ГРУПА – „БОРБЕНО ПОДГОТВЕНА“! 🇲🇰

Денеска присуствувавме на националната теренска вежба…

Posted by Vlado Misajlovski on Monday, April 27, 2026