Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие лишени од слобода се четири лица, а поднесени биле вкупно шест пријави за семејно насилство.
Како што информираат од МВР, утринава во 04:50 часот во СВР Куманово 49- годишен маж од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга А.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа во 23:30 часот, 70-годишна жена од тетовско во полициска станица пријавија дека била физички нападната од нејзината снаа З.И. (37). Во 00:15 часот, З.И. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошна постапка.
Во Неготино вчера во 16:55 часот, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 37-годишен неготинец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот и се заканувал на неговата 35-годишна сопруга со остар предмет. По преземени мерки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,23 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 04:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.С.(43) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна сопруга дека во семејниот дом во скопско, физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Синоќа во 21:30 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од скопско пријавија дека подолг временски период, нејзиниот поранешен сопруг и неговата сестра, ја следат и снимаат со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полициски службеници од СВР Скопје утрово во 00:40 часот го лишиле од слобода С.В.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна мајка дека околу 22:30 часот во семејниот дом, агресивно се однесувал кон неа и нејзиниот 53-годишен сопруг, искршил дел од покуќнината и физички ги нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.





