Се поизвесно е дека следната сезона „кралевите“ нема да ги предводи Алваро Арбелоа, па клубот активно бара ново тренерско решение, додека паралелно се подготвуваат и промени во соблекувалната.
Според шпанските медиуми, веќе неколку фудбалери се информирани дека не се во плановите за иднината, а Перез прави простор за нови имиња со кои сака да го врати клубот на врвот и да го намали притисокот од навивачите.
Иако се шпекулира со повеќе потенцијални засилувања, најновите информации на дневниот весник „АС“ наведуваат дека Реал Мадрид веќе донел одлука за откупување на договорот на младиот Нико Паз од Комо, со што тој би станал првото засилување за следната сезона.
Реал Мадрид ќе ја искористи опцијата што ја имаше како клаузула во договорот за враќање на својот поранешен младинец на „Сантијаго Бернабеу“.








