На 23.04.2026 во 23:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар -с.Градец, во с.Дебреше, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,опел“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Н.А.(20) од с.Врањовце и патничко возило ,,нисан“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.И.(32) од с.Добридол.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.И., констатирани во Ургентен центар Гостивар, додека со телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило „опел“ и неговата сопатничка С.У., констатирани во Клиничка болница Тетово, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.







