Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи денеска изјави дека иранската армија е подготвена да ја брани нација, а Техеран и понатаму е отворен за преговори со САД.
Неговата изјава уследи како одговор на пакистанското барање за прекин на огнот.
Иран, внимателно следејќи ги случувањата на терен и на политичката сцена, ќе преземе неопходни и соодветни мерки за заштита на иранските интереси и националната безбедност, а вооружените сили се исто така целосно подготвени за решително да ја бранат иранската нација од каква било закана и зло, наведе Багаи.
Тој, одговарајќи на прашањето за евентуална нова рунда разговори со САД, посочи дека Иран ќе почне преговори „штом заклучиме дека постојат неопходни и логични основи за користење на оваа алатка за остварување на нашите национални интереси“.







