Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека деблокирањето на заемот од 90 милијарди евра од Европската Унија за Киев претставува вистинскиот сигнал во сегашната ситуација.
Тој во објава на социјалната мрежа „Икс“ нагласи дека стимул за Русија да ја запре војната што ја води во Украина може да се појави само доколку истовремено се засили поддршката за Киев и притисокот врз Москва биде доволно силен.
Амбасадорите на државите членки на ЕУ во Брисел денеска ги одобрија одлуките за доделување на заемот од 90 милијарди евра за Украина и за проширување на санкциите против Русија, соопшти портпаролот на кипарското претседателство со Советот на ЕУ. Тој појасни дека сега претстои писмена процедура за финализирање на овој процес.
МИА







